Јавно ветеното од страна на Штипскиот хуманитарец и Пожарникар Александар Горгиевски е реализирано тој и неговиот тим од хуманитарната организација го одржааа зборот !
Александар Горгиевски на својот профил објави:
Крај на уште една хуманитарна акција 25.03.2025 седумгодишниот малолетен син на свирепо убиената Емилија Пешева од Штип од денес има нова детска соба а фамилија Пешеви имаат и комплетно реновирано ново купатило со се ново внатре како што и беше ветено ![]()
Сакам да се заблагодарам на секој еден хуман граѓанин што се вклучи во оваа хуманитарна акција пред се на мајсторите и мојот тим од хуманитарната организација без кој ова ќе беше невозможна мисија ![]()
Како хуманитрарна организација успеваме на уште една фамилија на уште едно дете со дела не празни зборови да му овозможиме многу подостоинствен и безгрижен живот во иднина !
Емилија Пешева почивај во мир и спокој ![]()









