Бразилски стоматолог бесплатно ги поправа забите на сиромашните луѓе враќајќи им насмевка на лицата.

Бразилски стоматолог бесплатно ги поправа забите на сиромашните луѓе враќајќи им насмевка на лицата.

Бразилскиот стоматолог Фелипе Роси бесплатно ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум светот, враќајќи им насмевка на лицата.

Во 2006 година, Фелипе Роси ја основа непрофитната организација „За насмевка“, со која патува низ светот и заедно со своите колеги ги поправа забите на сиромашните луѓе.

Содржината продолжува по рекламата

Нашето време, како и сите претходни времиња, е полно со убави зборови, додека истото не може да се каже за дела.

Пофалниот пример на стоматолог кој ја враќа (убавата) насмевка на лицето ни покажува дека меѓусебното почитување и ценење за секој човек, особено за оние на маргините на општеството, најдобро се изразува преку конкретни дела на љубов, а не со грандиозни зборови.

Освен што им враќа насмевка на лицата на оние кои имаат потреба, Фелипе Роси им носи радост и на животите на сите оние кои го следат на Инстаграм бидејќи редовно објавува фотографии од пациенти пред и по неговите интервенции.

Во 2006 година, Фелипе ја основа непрофитната организација „За насмевка“, со која патува низ светот и заедно со своите колеги ги поправа забите на сиромашните луѓе.

Сакаме да им дадеме на луѓето нов почеток во животот, да се чувствуваат самоуверено, да не се срамат да се насмеат – вели стоматологот.

Покрај Бразил, тој и неговите колеги несебично им помагаат на сиромашните заедници во Кенија и Мозамбик.