СНААТА НА ТВОЈОТ СИН НЕ Е ТВОЈА ЌЕРКА.

СНААТА НА ТВОЈОТ СИН НЕ Е ТВОЈА ЌЕРКА.

Снаата не е твоја ќерка и затоа нема потреба да ти се покорува.

Прекрасно е кога една свекрва ќе ја засака снаата како своја ќерка, но важно е да се запомни дека таа не е твоја ќерка за да очекуваш да направи сè што ќе ѝ кажеш.

Нашата улога како свекрви е да набљудуваме и да молчиме, а ако ни се побара мислење, треба да прашаме: „А вие што мислите?“

Да ги водиме младите да ги донесат сопствените одлуки е најдоброто што можеме да го направиме. Ако ни побараат помош – да им помогнеме онака како што ним им треба, а не онака како што ние мислиме дека треба.

Снаата е способна жена, таа може да направи големи работи како:

– да создаде и одгледа семејство;

– да биде совршен додаток во животот на твојот син…

Затоа, дозволи ѝ слобода- да биде тоа што е, и дозволи ѝ да го покаже својот потенцијал кој може да ѝ го понуди на целото семејство – особено на твојот син и на идните внучиња.

Радувај се на неа! Покажи ѝ колку е среќа што е дел од вашето семејство.

Дади ѝ доверба и гледај какви чуда ќе постигне. Никогаш не ја осудувај и не ја критикувај, и не дозволувај другите да го прават тоа, па дури ни твоите деца.

И најважно: не ја терај со сила да прави ништо.

Таа учи од тебе.

Како и ти некогаш, така и таа учи сега. Биди трпелива, и ако праша – покажи ѝ како се прават работите, а потоа остави ја сама да проба.

Не заборавај – таа е или ќе биде мајката на твоите внучиња. Не создавај непотребни конфликти и никогаш не застанувај на страната на твоето дете само затоа што не ти се допаѓа таа.

И разбери: твоето дете ќе ја следи неа, и ако се мешаш без причина – ќе ги повредиш сите.

Затоа, подари ѝ малку почит. Почитувај ја во целосна смисла на зборот. Таа е жена како тебе – мајка, сопруга, добра ќерка, и најважно – жената што твојот син ја сака.

Не го заборавај тоа. Не биди камчето во чевелот на иднината на твоето дете.

Превземено