Васил Јованов осуден на 12 години затвор за усмртување на Фросина Кулакова

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за усмртување на Фросина Кулакова

Васил Јованов денеска е осуден на затворска казна од 12 години за усмртувањето на Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Судијката при изнесувањето на пресудата информира дека Јованов имал 0,80 промили алкохол во крвта и ја удрил Фросина со 91 километар на час со возилото марка „пежо 207“ кое било во сопственост на неговиот татко.

Во казната затвор се засметува и времето поминато во притвор. Јованов доби и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во времетраење од 5 години.

На последното рочиште Јованов призна вина и изрази каење. Обвинителот како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од 3 години и 10 месеци и 5 прекршочни постапки за разни сообраќајни прекршоци, кои не се процесуирани.

Неговиот бранител, адвокатот Сашко Дуковски достави докази дека Јованов бил одличен ученик и спортист и рече дека не треба да се суди според народната-око за око, заб за заб. Адвокатот и семејството Кулакови побараа највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

извор:локално.мк