Бог вели во Библијата:
“ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце.(Еремија 29,13).
Бог сака да Го бараме со целото свое срце. Не половично, нелицемерно, не од корист, не формално туку искрено, со целосна желба и со цело срце.
Многу луѓе мислат дека моливата треба да биде напишана во молитвеник или од книга или од свештено лице. но Бог не сака вашата молитва да биде нечија туѓа молитва. Бог сака молитва искрена која потекнува вашето срце. Со ваши зборови, мисли, желби и потреби.
Бог сака да Му го излеете вашето срце како на пријател. Бидејќи Тој е вашиот Најголем пријател.
Изнесете ги сите ваши потреби бидејќи Тој веќе ги знае,само сака да Му ги кажете и да Го побарате. Тој се грижи за вас и нема да ве остави.
Молете се секојдневно. Молитвата е лек за душата. Молитвата е дишење на душата.
Кога се молите се олеснувате од вашиот товар и го предавате на Бога. Кога се молите го предавате вашиот немир на Бога и Бог ви го дава Неговиот мир.
Молете се непрестано. Верувајте секојдневно.🙏🏾🙏🏾🙏🏾