Онкологијата за мене не е само наука или звање, туку повик да бидам светлина во најтемните мигови на нечиј живот:Елвин Шакиров-студент на општа медицина

Онкологијата за мене не е само наука или звање, туку повик да бидам светлина во најтемните мигови на нечиј живот:Елвин Шакиров-студент на општа медицина

Елвин Шакиров (24) oд Штип е студент на општа медицина (5-та година) при Универзитетот „Гоце Делчев“. Тој како насока вели дека ја избрал онкологијата.

Онкологија е медицинска гранка која се занимава со проучување, дијагноза, третман и превенција на рак.

Неговата мајка Гордана Шакирова, која му била најголема поддршка и инспирација во животот, починала од карцином на дојка на 50-годишна возраст во 2018-та година.

На прашањето Зошто сака да биде онколог? Елвин вели:

Затоа што во срцето носам желба поголема од амбиција – мисија што ме води со секој чекор.

Онкологијата за мене не е само наука или звање, туку повик да бидам светлина во најтемните мигови на нечиј живот.

Се одлучив да се борам против ракот затоа што не можев, и не сакав, да ги прифатам тивките збогувања. Затоа што срцето ми се кине секогаш кога ќе видам дете што останало без мајка без нејзиниот мирис, без нејзината прегратка, без нејзиниот поглед што вели „ќе биде сè во ред”.

Сакам мајките да останат. Да ги чекаат своите деца пред училиште. Да им подготвуваат појадок со љубов. Да им раскажуваат приказни пред спиење.

Сакам нивната љубов да продолжи да ги обликува тие мали души. Сакам да подарам надеж.

Не како збор, туку како време уште едно утро, уште еден роденден, уште еден живот што продолжува.

Оваа мисла ми беше светилник уште кога ја избрав медицината, и ќе остане мој внатрешен пламен сè до последното срцево отчукување“.