
Да бидеш мајка на 61 година е нашиот најголем ин витро успех во историјата на Македонија и Балканот.
Штип треба да биде горд што најдобрите ин витро специјалисти се токму тука, каде љубовта кон човекот создава живот.
Жената што ја гледате на оваа фотографија не е само симбол на храброст. Таа е доказ дека љубовта кон животот, упорноста и науката кога се водени од срце можат да создадат чуда.
Оваа инспиративна жена, пациентка на Д-р Стојан Органџиски, која претходно помина низ две оперативни интервенции, денес ја живее својата најголема животна победа: таа веќе е МАЈКА.
Во свет каде што сите зборуваат за граници, со оваа приказна ги рушиме сите препреки. Возраста не е пречка кога душата е млада, кога волјата е посилна од стравот и кога зад Вас стои тим кој не познава откажување.
Нашето мото вели: „Најдобриот начин да ја предвидиме иднината е да ја создадеме сами.“ Но за нас тоа не е само мото, тоа е наша секојдневна реалност. Ние ја создаваме иднината, со срце, со душа и со безрезервна љубов кон човекот.
Ова не е само медицински успех. Ова е победа на животот, на надежта, на мајчинството.
Со оваа храбра жена ја испишавме историјата. Заедно создадовме живот, и таа засекогаш ќе има посебно место во моето срце. Некои моменти остануваат врежани засекогаш.
Споделете ја оваа приказна. Нека допре до секој што верува, што се надева и што сонува.
Во болница „Д-р Органџиски“ се раѓаат чуда.
Љубовта кон човекот е нашето најмоќно оружје.
Фотографијата е објавена со дозвола од родители.
By Болница „Д-р Органџиски