Чичко Горан Јованов од село Миравци ја доби својата количка и е многу благодарен. Поради болеста дијабетис нему му се отсечени нозете и многу тешко функционираше. Живее во тешки услови но никогаш не ја губи својата желба за борба и насмевка.
Тој се обрати на Фејсбук страната Семе Синапово за помош со апел да се најде количка за него со цел да функционира подобро.
Како одговор на апелот се јави Дарко Видони од Неготино кој ја донираше количката и во посетата на чичко Горан ни ги испрати овие фотографии како знак на благодарност од скромниот чичко Горан.
Ви благодариме на хуманоста и помошта. Доколку некој сака да му помогне материјално или финансиски обратете се на страната ќе ви дадат негов телефонски број.
Секогаш е добро да се знае дека постојат добри и хумани луѓе кои помагаат на немоќните.
Бог нека ги благослови во изобилство.
