Мајка чиј син е роден без нозе и една рака вели: Тој е совршен за мене

Мајка чиј син е роден без нозе и една рака вели: Тој е совршен за мене

Мајката чиј син е роден без нозе и една рака никогаш не се согласила на абортус, иако знаела што да очекува за време на бременоста. Всушност, таа вели дека е совршен!

Роузи Хигс била предупредена за време на бременоста дека момчето веројатно ќе има синдром на амнионска кеса. Екстремитетите на бебето не се развиваат правилно во матката кога е присутен овој синдром.

Таа ги игнорирала сите совети од пријателите и семејството за да ја прекине бременоста. Сега вели дека тоа била најдобрата одлука што можела да ја донесе, објавува „Мирор“.

Малиот Хенри веднаш имал операција за да ја одвои раката, а сега обожава да ја користи додека се бања и си игра.

Бев сигурна дека сакам да го задржам
„Кога ми кажаа дека моето бебе нема да има нозе и една рака, бев многу загрижена и шокирана. И покрај сите совети и приказни за абортус, бев 100 проценти сигурна дека сакам да го задржам“, рече 29-годишната Роузи.

Според родителите, малиот Хенри е одлично и тие немаат никакви грижи за неговата иднина.

„Разбирам дека неговиот живот секогаш ќе биде малку поинаков, но сигурна сум дека ќе може да се справи со сите предизвици што претстојат“, рече Роузи.

Ваквите деца се посебни
Од раѓањето, мајката била во контакт со многу други родители чии деца имаат слични проблеми.

„Тие се толку посебни. Им помагаме во светот. Јасно е дека мора да ја прилагодиме куќата на неговите потреби, за да може полесно да се движи.“

„Можеби нема нозе и раце, но, барем според мене, е апсолутно совршен“, рече гордата мајка.