Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција

Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција

Љутвие Демирова, 27-годишна мајка од Струмица, води најтешка битка во својот живот. Таа боледува од тумор на мозокот и лекарите укажуваат дека единствената шанса за спас е сложена хируршка интервенција која мора да се изврши во Турција.

Демирова моментално се наоѓа во својот дом во Струмица и секојдневно прима терапија со инфузии. Сепак, нејзината состојба бара ургентна реакција – операцијата е од животно значење и потребно е што побрзо да се изведе.

За интервенцијата, како и за останатите трошоци поврзани со патувањето и престојот, потребни се 20.000 евра – сума која нејзиното семејство не може самостојно да ја обезбеди.

Донација може да се направи на следните начини:

143 114 – МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ
270700085806149 – ХАЛК БАНКА
МК07300307068935646 – IBAN
KOBSMK2X – SWIFT

извор:гладиаторвести.мк