
Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката – дури 138.714. Големото финале започна во саботата вечер и траеше до раните утрински часови.
Станишиќ, роден во 2000 година, живее во Скопје и веќе настапува со свој бенд и надвор од Македонија. Особено внимание привлече со интерпретациите на македонски песни, кои ја воодушевија публиката и неговата менторка Цеца Ражнатовиќ. Таа јавно ја изрази својата наклонетост кон македонската музика, дури и заигра оро на сцената.
Во финалната вечер, Никола ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, која ја посвети на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
репортер.мк






